Категории

Џиџи Хадид позира за првото издание на арапскиот Vogue

Џиџи Хадид пишува модна историја, појавувајќи се на насловната страница на првото издание на магазинот Vogue за Арабија. Американскиот модел со палестинско потекло на својот Instagram профил изјави „Бидејќи сум полу-Палестинка, неверојатно многу ми значи тоа што ќе се појавам на насловната страница на арапскиот Вог“. Објавени се две различни изданија на насловните страници, едната е на англиски јазик а другата е на арапски, и на секоја фотографија Џиџи позира со лице прекриено со вел изработен од скапоцени камења. „Мислам дека кај меѓународното издание на Вог е прекрасно тоа што се славата различностите и различните култури“ – додаде Џиџи.

Прегледи:
227
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
03.03.2017