Популарниот луксузен италијански бренд Max Mara по трет пат за свое заштитно лице ја избра Џиџи Хадид. Моделот ја сними кампањата за пролет/лето 2017 насловена како Max Marini пред објективот на легендарниот Steven Meisel, прикажувајќи ги одличните парчиња од колекцијата во урбан стил, кратки јакни и хеланки дополнети со футуристички очила за сонце и кожни торби со детали препознатливи за брендот. Погледнете.