Брендот Missoni за претставувањето на новата есенска кампања ја избра Џиџи Хадид. Кампањата која ја фотографира Харли Веир го пронајде своето место во домот на самата дизајнерка Ангела Мисони во градот Брунело во Италија. Кампањата изобилува со колорит и необични графички дезени кои Џиџи ги претставува во комбинација со целосно природен изглед без шминка. Подолу погледнете ја целосната кампања..