Категории

Дилема: Во животот ќе се заљубите само 2 пати додека не ја најдете вистинската личност?

Во животот постојат 3 големи љубови, а секоја од нив има одредена улога, велат психолозите.

Во првата љубов се гледаме со розови очила. Втората љубов е драма од која излегуваме со скршено срце. Но пронаоѓање на љубовта во школо и поминување на остатокот од животот со неа?
На некои можеби ќе им делува како романтична љубовна приказна, а за некои дури и дефиниција за вистинска љубов.
Првите две служат, кратко кажано со цел да откриеме што всушност не е љубовта. Може да се каже – со цел да не ослободат од илузиите.

Психолозите велат дека ова се 3 големи љубови.

Идеализирана љубов
Кога прв пат сакаме некој, тој одговара на нашата предшколска, најчесто друштвена идеална слика за љубовта и партнерствата.
Меѓутоа потајно чувствуваме несогласување помеѓу нашите соништа за совршена љубов и тоа што е возможно во реалноста. Семејството или блиските можат да влијаат на тоа да се сомневаме во врската.
Најчесто  таа завршува брзо, но тогаш сфаќаме дека цело време сме живееле во сон.

Драматична љубов
Спрема втората голема љубов се поставуваме поинаку: знаеме дека во врската ништо не е совршено – но одлучн сме да ја направиме што е можно по совршена.
Често другата голема љубов е полна со страст, но и драма. Кога таа врска ќе заврши, можно е освен тоа што нашето срце е скршено, да изгубиме и верба во љубовта. Меѓутоа баш тогаш сме веќе спремни за љубовта број 3.

Зрела љубов
За третата голема љубов е типично да дојде кога најмалку очекуваме – и тоа со некој со кого никогаш не би очеквале. После тоа што во првата и втората љубов сме научиле дека не постои принцот од бајките, и не можеме да претвориме некого во принц, не сме повеќе загрижена по неговата потрага.
Меѓутоа тогаш сфаќаме дека личноста не мора да биде совршена за да биде таа вистинската. Доволно е само да сме среќни покрај неа и да ни прави да се чувствуваме добро. Таквата љубов преживува секакви неволји и проблем, со неа ги преживуваме тешките времиња и можиме во потполност да и се предадеме.

Прегледи:
481
Објавено на:
07.10.2019