Категории

Dior ја прослави 70 годишнината со колекција инспирирана од основачот

Додека многу луксузни модни куќи своите ревии ги претставија на различни дестинации, од Фиренца до Токио, креативниот директор на Dior, Марија Грасија Чиури ја донесе сафари темата во Париз, за целта на претставувањето на новата есенска колекција од високата мода.

Како што брендот ја прослави своја 70-годишнина така Мариа се обиде да го протне духот на творецот на овој иконски бренд – Кристијан Диор, претставувајќи раскошни тоалети со драматич и мрое и и бои, долги јакни и шапки. За сетот се погрижи уметникот Пиетро Руфо кој создаде петокрака ѕвезда во името на сите пет континенти на кои самиот основач пропатувал, која е комплетирана со драматични пејсажи и дрвени статуи на животни.

Иако оваа колекција е најблиску до корените и историјата на модната куќа и архивските креации, сепак може да се видат и некои современи додатоци и стилови карактеристични за дизајнерката. “Од почетокот зборував дека сакам да оддадам почит на сите врвни дизајнери кои работеле за оваа маестрална модна куќа, но денес мислев само на едно – на нашиот основач Monsieur Dior”, изјави дизајнерката.

Подолу погледнете како изгледа целата колекција..

Прегледи:
438
Објавено на:
07.07.2017