Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП: ПОНЕДЕЛНИК (29 ФЕВРУАРИ, 2016)

Овен 

Ќе водите богат и интересен општествен живот. Излегувањата и посетувањето на различните случувања, ќе внесе доволно возбуда во вашето секојдневие. Овните кои се во врска или брак, ќе бидат целосно внесени во односот.

Бик

Задлабочени сте во вашите лични реалности, а во исто време се обидувате да ги завршите секојдневните обврски и задачи. Работите ќе се одвиваат едноставно и без многу напор од ваша страна. Вашиот внатрешен живот е богат и содржаен. Имате толку многу да понудите.

Близнаци

Делувате самоуверено и сигурно пред личноста која го става на тест вашето знаење и умешност. сакате да оставите добар впечаток и да ве доживеат како доверлива личност. Ограничете ги вашите емотивни желби и сведете ги на некоја разумна мерка. Не е важно колку сте упорни, вашиот партнер нема да ја промени одлуката. ситуацијата за брзо време се менува.

Рак

Поседувате интуиција, која е една од особините на припадниците на овој знак. Претчувствувате дека треба да се дистанцирате од туѓите проблеми. Луѓето ќе ви бидат благодарни и ќе ве ценат. Подложноста на влијанија од средината е силна, но од неа можете да имате корист.Разговарајте за проблемите кои ги имате со некоја блиска личност на која можете да и кажете се, таа ќе ви помогне околу разрешувањето.

Лав

Имате јасна претстава за сериозноста на идните случувања. Сонувате и се занесувате, а не сте свесни за можните компликации. Бидете внимателни кога се во прашање финансиските трансакции но и потпишувањето договори. Постојано сте конфузни, смирете се. Разговорот со вашите соработници ќе ве врати назад на патеките на успехот.

Девица

Вашата интуиција денес ќе ви претскаже дека треба да стоите подалеку од одредена личност. Послушајте ги вашите претчувства, за подоцна да не жалите. Вашата енергија ќе варира. Во еден момент ќе имате доволно енергија за да поместите планина, а во друг, ќе се измачувате да ја подигнете раката.

Вага

Денес храбро ќе ги искажете своите идеи, без да се плашите како ќе бидат прифатени тие. Ќе се изненадите кога ќе видите дека луѓето околу вас немаат ништо против вашите нови идеи. Денес е ден за експериментирање, па позабавувајте се со својот изглед. И самите знаете дека што и да ставите на себе, нема да си дозволите модна грешка. Само храбро!

Скорпија

Во текот на денот ќе можете да ги прилагодувате своите планови според туѓите, но завршете го денот со нешто што вие навистина го сакате. Ќе се најдете во ситуација во која ќе биде потребна итна реакција за решавање на одреден проблем. За среќа, вашето спонтано однесување ќе ве насочи кон вистинската насока.

Стрелец

Чувствувате потреба за размена на идеи. Веќе на прв чекор настапуваат разочарувања. Морате да бидете свесни дека моменталната смисла за комуникација не ви е силна страна. Се советува поголема доза на објективност. Парите нема да ви бидат проблем, но внимавајте да не ги трошите на глупости.

Јарец

Бурно реагирате на секоја ситуација. Ви недостасува одлучност, па незадоволство комбинирано со страв го манифестирате во вид на стрес. Професионалната ситуација е под строга контрола. Можна е понуда за нова работа, но додека не бидете подготвени да ризикувате не се надевајте на подобрување во тој однос.

Водолија

Не дозволувајте да ве победи паниката, мора да се борите ако сакате стравот да исчезне. На повеќето околности не може да влијаете. Доколку ова го разберете, полесно ќе ја пребродите кризата. Нешто ве загрижува подолго време. Можна е комуникација со некој кој одамна не сте го виделе, внимавајте неговото повторно појавување е само од интерес.

Риби

Полни сте со сила и оптимизам во борбата со проблемите. Ги совладувате сите предизвици. Бидејќи се чувствувате и повеќе од фантастично, потрудете се оваа состојба да потрае подолго. Не оптеретувајте се со глупости и не планирајте однапред ништо. Слушајте ги соработниците, тие ќе ви помогнат онаму каде што ќе заглавите.

Прегледи:
695
Објавено на:
28.02.2016