Категории

До нови медали – Mozzart ја продолжува поддршката за бодибилдерите

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа беше спонзор на 35-тиот Куп на Македонија Македонските бодибилдери имаа можност да ги одмерат силите на државниот куп пред меѓународните натпреварувања, а компанијата Mozzart ги поддржа и ќе биде нивна поддршка на патот до медалите.

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа ја започна соработката со бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија пред светското првенство кон крајот на минатата година, каде нашите спортисти постигнаа неверојатни успеси. Компанијата Mozzart и Федерацијата се надеваат дека оваа успешна серија ќе продолжи и на наредните меѓународни натпревари кои следат по државниот Куп.

„Голема благодарност до компанијата Mozzart за соработката и помошта што ја имавме во организацијата на Купот. Соработката ќе ја продолжиме и во иднина, на идните натпревари и активности на федерацијата. Следува Балканското првенство во Србија, каде се надеваме дека Mozzart и овој пат ќе ни донесе среќа“, заклучи претседателот на федерацијата за бодибилдинг и фитнес на Македонија, Бобан Ѓороски.

Најголем дел од победниците беа од клубот Магнус од Скопје, а меѓу нив беше и Мери Акиевска, која претходната година од светското првенство се врати со дури четири медали. „Мило ни е што ја продолжуваме соработката со Бодибилдинг и фитнес федерацијата, веруваме дека заедно ќе продолжиме да постигнуваме успеси. Се надеваме дека ова спонзорство дополнително ќе ги мотивира нашите асови и ќе им помогне да го достигнат својот целосен потенцијал. Им посакуваме многу успех во борбата за нови медали“, изјави Мики Златески, менаџер за корпоративни процеси во компанијата MOZZART. ПОБЕДНИЦИ

Во исклучително јака конуренција на 35-тото издание на квалификацискиот натпревар „Куп на Македонија“ победници се: Бодибилдинг Јуниори, Петар Богдановски- клуб Магнус Скопје, Физик Тинс, Арнис Спахаиу – клуб Атлета 2003 Скопје, Ева Илиевска од Атлета 2003 Скопје доминираше во категоријата Бикини -Фитнес кај Тинс, Јуниори и Сениори. Мери Акиевска од клубот Магнус од Скопје победи во категоријата Велнес кај Јуниорите и Сениорите. Боди-Фитнес, Катерина Попева – Тринити Скопје.

Кај Ветераните победници беа, категорија Бодибилдинг Јован Јовановски од клубот Фид Скопје, категорија Физик, Драган Стојчевски од Магнус од Скопје и Бикини-Фитнес, Катерина Николова исто од клубот Магнус од Скопје. Кај категориите Физик победници беа, Александар Минив кај Јуниорите од Проект Фит од Скопје, Ајремин Јусуфи кај сениорите ниска од Стар Џим од Скопје и Стефан Цветковски, физик висока од Атлета 2003 од Скопје кој истотака беше и апсолутен победник во оваа категорија.

Во категоријата Класик Физик победник беше Филип Митковски од клубот Атлета 2003 од Скопје, а во категоријата Бодибилдинг Класик победник беше Томче Николовски од клубот Магнус од Скопје. Кај Бодибилдинг категориите победници беа, Филип Митковски од Атлета 2003 од Скопје во лесна, Томче Николовски од клубот Магнус од Скопје во средна категорија и Божидар Пецаковски од клубот Паљо од Битола во тешка и апсолутна.

Прегледи:
338
Категории:
Настани
Објавено на:
10.04.2022