Категории

До пријателите кои ми дозволуваат да се потпрам на нив кога се сака да паднам во провалија – ВИ БЛАГОДАРАМ!

На пријателите што ме држат кога колената ми се откажуваат и почнувам да се потплеткувам на подот, ви благодарам.
Ви благодарам што сте си ми дополнителен пар нозе кога моите одбиваат да одат. Зашто ми дозволивте да се потпрам на вашата сила кога сум убеден дека остатокот од светот сака да паднам во провалијата. Ви благодарам што ми помагате да останам цврсто на земјата, што ми дадовте темел на кој ќе стојам. Секогаш кога сум несмасен и паѓам, вие сте таму да ми помогнете да станам.

На пријателите кои ми велат дека е во ред да чувствувам премногу, ви благодарам. Ви благодарам што го разбирате моето кревко срце и никогаш не ми кажувате дека мора да стане поцврсто и дека треба да чувам затворено. Ми дозволивте да сакам гласно и отворено. Ме потсетувате дека не треба се да се смести во кутија. Некои работи треба да излезат. Дури и во моите најнемирливи денови, сеуште ви е гајле. На пријателите кои го охрабруваат мојот глас дури и кога почнува да трепери, ви благодарам. Благодарам што ме потсетувате дека мојата перспектива е важна. Има денови кога молчам и такви кога треба да зборувам. Ги почитувате и двата. Ва сакам поради тоа.

На пријателите што ме знаат за тоа што сум, ТОЧНО она што сум, и сеуште се тука, ви благодарам. Ви благодарам што ги видовте пукнатините и модринките и избравте да останете. Ви благодарам што знаете дека не сум секогаш личноста која се преправам дека сум. Ме имате видено во мојата најмрачна, моја најтешка состојба, кога маската паднака, а вистинското јас се испуштило. А вие и поракј тоа ми рековте дека вредам. Ми кажавте дека ништо не се сменило. Им благодарам на пријателите што ме сакаат дури и кога сум најтешката личност за сакање. Ви благодарам што ми го покажавте значењето на пријателството, водството и наклонетоста. Вие сте добрината на овој свет. Вие сте причината и јас да почнам да го гледам доброто во мене.

Прегледи:
472
Објавено на:
27.08.2021