Категории

До сега најдобрата Барби трансформација!

Американската компанија која произведува Барби најави нова линија –  на полиците во продавниците ќе стојат ниски, високи и полнички кукли. Линијата е со наслов „Светот на Брби е во развој“.

Компанијата ќе продолжи да произведува различни кукли, во 7 различни бои, 22 различни бои на очи, 24 различни фризури и многу различни актуелни модни трендови. Девојчината ќе имаат шанса, сега, преку Барби да ја искажуваат својата приказна.

Директорката за дизајн, Роберта Беста изјавува : Промената е радикална бидејќи не постои одреден стандард кој диктира како треба да изгледа совршеното тело. Вака нашите Барбики ќе изгледаат, бидејќи баш така изгледа реалниот свет !

Прегледи:
428
Објавено на:
29.01.2016