Категории

До сите кревки срца кои се борат да опстанат во овој свет преполн со волци

Јас сум еден од оние кои постојано трагаат. Верувам, дека не има милиони.
Ние не сме несреќни, но нити сме премногу задоовлни. Ние продолжуваме да го истражуваме животот, се надеваме дека ќе ја откриеме неговата ултимативна тајна.

Продолжуваме да се истражуваме себеси, посакуваме да се разбереме.
Ние сакаме да чекориме сами, по плажа, водата не влече, нејзината моќ не освојува, постои некоја толку необјаснива мистерија, фасцинантна убавина.

Ние ги сакаме шумите и планините, пустините и скриените реки, осамените градови.
Нашата тага е дел од нашиот живот колку и нашата смеа. Да ја споделиме тагата со оние кои ги сакаме можеби е најголемото задоволство кое го пронаоѓаме во животот – освен тоа кога ја споделуваме нашата радост.

Ние трагачите сме многу амбициозни, поради самиот живот, поради сето она убаво кое го носи. Поголемиот дел од нас едноставно само посакуваме да сакаме и да сме сакани. Ние сакаме да бидеме дел од врска која нема да го запре нашето лутање и сонување, нема да ја запре нашата потрага и да не затвори во студени ѕидови. Ние не сакаме да се докажуваме себеси нити да се натпреваруваме за нечија љубов.

Ние сме трагачи, сонувачи и љубовници. Осамени луѓе кои се осмелуваат да посакаат од животот само добрина и убавина. Ние сме оние кои се премногу кревки да живеат во овој свет преполн со волци. Ние сме посилни од се!

Прегледи:
531
Објавено на:
15.11.2020