Категории

Добила карикатура со својот лик и одлучила да направи пластични операции за да изгледа така!

Во текот на последните неколку години Кристина Бутел (32) имала пет операции за зголемување на градите, а ги зголемувала и усните. Ослабела околу 76 килограми, а сето тоа за да личи на својот цртеж за кој позирала кога имала 15 години на Ибица.

Таа тврди дека нејзиниот вереник, Енди Џејмисон, го сака нејзиниот изглед и и помага да го добие своето тело од соништата, во теретаната. Оваа деловна жена, која ги финансирала операциите така што отворила фризерски салон и теретана, открива дека потрошила 190.000 фунти на операции.

„Кога ја видов својата карикатура на Ибица пред неколку години, сфатив како сакам да изгледам. На карикатурата бев прикажана со огромни гради, големи усни и тенок струк. Се на таа слика беше пренагласено и бев љубоморна на карикатурата“.

„Кога ќе се видам себеси во огледало, се чувствувам како соништата да ми се исполнуваат. По повеќе пластични операции, јас сум жив човечки цртан филм и се гордеам со се што постигнав“.

Оваа зависничка од пластични операции тврди дека сака да изгледа уште поекстремно од оригиналниот цртеж. Никогаш нема да се предадам и нема да престанам додека не изгледам потполно како мојата карикатура.

Прегледи:
498
Објавено на:
19.04.2018