Категории

Добрите луѓе кои најмногу патат се најголемите и најсилните борци

Секоја личност на светот има карти кои и се доделени уште на самиот старт и со тие карти мора да ја игра комплицираната игра наречена живот.

Доделени се случајно, а за среќата зависат гените, местото каде што сте родени, финансиските можности, семејството.. Какви и да ви се околностите кои ви ги пружи животот, вие сте тие кои одлучувате дали ќе бидете жртва или оној кој преживува. Вие имате контрола над изборот дали вашиот живот ќе има сладок или кисел вкус.
„Оние кои одбираат сладок живот, оние кои преживуваат, се најсилни.“

„Најубавите и најдобрите луѓе кои ги познаваме се оние кои доживеале пораз, го запознале страдањето и загубата, се бореле во секој миг и пронашле пат и во најтемната длабочина. Овие личности знаат да ценат, чувствителни се и имаат разбирање спрема другите. Животот им дал искуства кои ги наполнале со сочувство, љубезност и длабока емпатија. Прекрасните луѓе не се раѓаат такви, тие стануваат такви.“, рекла Елизабет Кублер-Роз, психијатар и автор од Швајцарија.

Љубезните луѓе донесуваат светло во светот затоа што излегле од мракот.
Во светот на мракот каде што се родени, љубезните луѓе со својата позитива ги осветлиле животите на другите. Ним им се доделени „несреќните“ карти како лошата семејна состојба или сиромаштијата. Не само што научиле како да успеат во животот, научиле и како да преминат преку лошите нешта.
Го достигнале невозможното. Додека некои добиле прекрасни моливи во боја, тие добиле еден, напола потрошен молив со кој го обоиле својот живот најшарено и најблескаво од другите.

Љубезните луѓе сакаат најсилно затоа што биле најмногу повредени.
Тие не сакаат другите да страдаат онака како што страдале тие.
Личностите кои биле злоставувани, исмејувани, не сакаат да им го нанесат истото зло на другите, тие стануваат љубезни и добрината ја пронаоѓаат од суровоста која ја доживеале.
Наместо својата агресија да ја пренесуваат на другите, тие ставаат крај на маѓепсаниот круг и се спротивставуваат со нежност и љубезност на злоставувањето.
Љубезните луѓе им помагаат на другите да преживеат и стануваат подобри личности.
Тие можат да се носат со било каква ситуација која животот ќе им ја приреди. Знаат дека можат да преживеат, тие се борци и секогаш знаат да им помогнат на оние кои се нашле во слична ситуација како нив.

Прегледи:
591
Објавено на:
17.12.2019