Категории

“Добро мамо.Аха Важи,јадев. Добри се децата”Ај имам работа… “Кажи тато. Ај не можам сега- друг пат.

“Добро мамо.Аха Важи,јадев. Добри се децата”Ај имам работа…
“Кажи тато. Ај не можам сега- друг пат.
Најчести муабети со старите ни родители
А ним не им е тешко пак да заѕвонат, и нема да се налутат ако им кренете после 6 пат. И пак исто ќе ве прашаат и муабет за нив битен ќе ви направат,додека вие ја оддалечувате слушалката од уво..
ЕХ СТАРОСТ БЕЗЛИЧНА…
Едно време активни и потребни
Денес статистика и редица пред банка
Едно време стручни лица-денес шетачи по пазари
Едно време советници-денес посматрачи
Едно време со Господине насловувани денес -Дедовци заборавени
Едно време почитувана професорка-денес стара пензионерка.
Едно време инженер, почитуван колега и соработник -денес другар со бастунот
ЧУДНО КАКО СО СТАРОСТА СЕ ЗАБОРАВА НА СИТЕ УСПЕСИ,ТИТУЛИ И ВРЕДНОСТИ!
Едно време Мојот татко е најсилен на свет. Секој 8 март песничка за мама и прегратка денес-
“Абе стариот нешто ме замара и ај заборавив овој празник кога ќе можам ќе ти купам цвеќе”
Чудно е како со староста стануваат помалку потребни, помалку видени и помалку чуени…
А имаат да кажат многу, само не ги дослушуваме оти брзаме, оти сме активни и потребни, оти сме професори и инженери, оти сме стручи лица и советници, имаме успеси да бркаме и со титули да се китиме…
Ах старост безлична…Статстико сурова…

“Добро мамо.Аха Важи,јадев. Добри се децата”Ај имам работа…
“Кажи тато. Ај не можам сега- друг пат.

Најчести муабети…

Posted by Velkov Sneze on Thursday, November 19, 2020

Прегледи:
2416
Објавено на:
19.11.2020