Категории

Договор меѓу Најк и Барселона: Каталонците ќе станат најплатениот клуб во светот

Шпанскиот шампион Барселона договори мега договор со производителот на спортска опрема Најк.
Американската компанија е дел од Барселона од 1998 година, а успешната соработка ќе биде продлабочена со најбогатиот спонзорски договор во фудбалската историја. Имено како што информираат шпанските медиуми станува збор за соработка која ќе биде до важност до 2026 година, а шпанскиот шампион ќе заработува неверојатни 105 милиони евра по сезона, сума која може да дојде и до 155 милиони ако се исполнат некои варијабли.

На овој начин Барса ќе го мине досегашниот рекордер Манчестер Јунајтед кој од Адидас зема по 96 милиони евра за да ја носи нивната опрема.

Инаку сегашниот договор на тимот од „Камп Ноу“ со Најк истелуваше во 2018 година.

Прегледи:
457
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
22.05.2016