Категории

Докажано: Покривањето на тоалетната школка со хартија не ги намалува, туку ги шири бактериите

Во јавни тоалети или кафулиња, поголемиот дел од луѓето имаат навика да стават тоалетна хартија на тоалетната школка, мислејќи дека на тој начин се заштитуваат од бактерии и инфекции, а всушност, постигнуваат сосема спротивен ефект.

Хигиената не може да ви биде на завидно ниво кога сте во јавен тоалет, но тоа не значи дека би требале да користите тоалетна хартија на тоалетната школка за да се заштитите, бидејќи таа навика може да доведе до тоа да се заразите.

Основната причина поради која не треба да користите тоалетна хартија како мерка за заштита е тоа што голем број на опасни материи се задржуваат на хартијата.

„Со покривање на тоалетната школка со хартија на кожата можете да си пренесете голем број на вируси и фекални бактерии“ – наведуваат експертите од NYU Langone Medical Center.

Истражувањето кое било спроведено на нивното одделение за микробиологија открива дека по пуштањето на водата, капките можат да завршат и на висина до речиси два метри и на тој начин се распрскуваат насекаде. Токму во тие капки има голем број на фекални бактерии кои завршуваат на тоалетната хартија која се наоѓа покрај тоалетната школка.

Така, покривањето на школката со тоалетна хартија воопшто не нè заштитува од вирусите и бактериите.

Па, нареден пат кога ќе влезете во некој јавен тоалет, освен ако немате своја тоалетна хартија или влажни марамчиња, тоалетната школка не ја покривајте со хартијата која се наоѓа во самиот тоалет во кој сте влегле.

Прегледи:
401
Објавено на:
26.05.2016