Категории

Докажано: Слушнете ја песната која го намалува стресот за 65%

Ако имате лош ден, пуштете си музика која ќе ве опушти и расположи. Имено, друштвото за невромаркетинг, Mindlab International, составува листа од 10 песни со чијашто помош ќе исчезнат стресот, напнатоста и тешкотиите, а ќе се чувствувате опуштени, задоволни и среќни.

Учесниците во истражувањето требало да решат некои загатки, притоа слушајќи музика. Користејќи ги податоците забележани во сензорот, истражувачите кај испитаниците ја мереле промената на ритамот на срцето, крвниот притисок и дишењето. Една песна посебно се издвоила по својот ефект за релаксирање. Станува збор за „Weightless“ на музичкото трио Marconi Union. Имено, токму оваа песна го намалила чувството на потешкотии дури за 65%.

Оваа песна делувала толку релаксирачки, што некои од испитаниците додека ја слушале се почувствувале поспано, па така, истражувачите не препорачуваат нејзино слушање во текот на возењето.

Врз основа на резултатите од истражувањето, научниците составиле топ 10 листа на песни кои може најмногу да ве релаксираат:

1. Weightless, Marconi Union

2. Electra, Air Stream

3. Mellomaniac, (Chill Out Mix) Dj Shah

4. Watermark, Enya

5. Strawberry Swing, Coldplay

6. Please Don’t Go, Barcelona

7. Pure Shores, All Saints

8. Someone like you, Adele

9. Canzonetta Sull’aria, Mozart

10. We can fly, Rue du Soleil

Дали се чувствувате под огромен стрес и мислите дека никој не може да ви помогне? Можеби решението го има верзијата на песната „Weightless“ која трае речиси 10 часа.

https://www.youtube.com/watch?v=nKsEqFgKhoA

Прегледи:
514
Ознаки:
·
Објавено на:
31.10.2016