Категории

Доколку ја изневерите жената Водолија ќе ве исфрли од домот, а Овенот ќе ви го уништи животот

Еве како реагираат жените според хороскопскиот знак кога ќе ги изневерите…

Бик

 Веднаш по првата изневера на мажот нема да следи разделба, но сепак тој ќе мора многу напорно да работи. Тој ќе биде принуден да се труди деноноќно за да ја одоброволи својата партнерка. Ако престане да заработува добро, ќе биде исфрлен од домот.

 Овен

Ќе му го загорчат животот на партнерот кој ги изневерил. Прво  ќе глумат дека простиле но тоа не значи дека ќе го проголтаат предавството. Жената Овен темелно ќе ја подготви својата одмазда и ќе му набие такви рогови, што ќе му држат влага цел живот.

Близнаци

Жените од овој знак дејствуваат импулсивно и не се знае како ќе реагираат на таква вест. Токму тоа што никогаш не знаете дали ќе ви ја исфрли облеката преку тераса или ќе ви прости е застрашувачкиот момент кај нив.

Рак

Раковите тешко би простиле неверство, но не би се одлучиле за разделба веднаш. Ќе мислат ќе страдаат, ќе поставуваат прашања и на крајот ќе најдат сили да продолжат понатаму.

Лав

Подобро не изневерувајте ја жената од овој хороскопски знак, не, ако не сакате да ја изгубите! Таа нема да прости, директно ќе ви го собере багажот и ќе ве испрати до врата.

Девица

Жените од овој знак не сакаат да прават скандали, но ќе доживеат толку силна болка што и вие ќе се расплачете со нив. Повредената Девица ќе плаче ден и ноќ, додека не го натера партнерот кој ја изневерил да ја моли на колена.

Вага

Жената од овој знак ќе ве погледне од високо и ќе ве скрши. Нема да ви прости и нема да ви даде втора шанса, бидејќи постојат многу додворувачи. Некој друг со задоволство ќе ве замени.

Скорпија

Тешко ќе изневерите  жена од овој знак, бидејќи ќе ве следи од близу од почетокот на врската. Таа е опседната и нервозна. Ако пак се осмелите да скршнете, таа драстично ќе ви се одмазди.

Прегледи:
435
Објавено на:
19.09.2016