Старата изрека вели дека кучето е човековиот најдобар пријател. А на децата – и многу повеќе од пријател.
На многу деца една од најинтересните улоги за играње е тоа да се биде доктор. Во овој случај, една мала докторка решила добро да го обезбеди својот пациент и да го излечи како тоа бива. Кучето, добродушниот гигант, нималку не се противел кога прегледот почнал. Напротив, неговата мирна поза апсолутно е неодолива, па не е ни чудно што овој тандем многу брзо го освои цел интернет.
Една корисничка на друштвената мрежа „Imgur” ја објавила оваа преслатка фотографија која за краток период стана популарна на интернет.
Фото: Imgur