Категории

Долга и негувана коса со само две состојки кои ги имате во домот!

Долгата и негувана коса не е недостижна!

Доколку не сте некоја која користи надоградба на коса, сигурно знаете колку е напорно да ја израснете косата. Долгата коса бара нега, но и време. За среќа, денес постојат блогерки кои се занимаваат со откривањето на различни трикови за разубавување, па така една од нив открила како правилно да ја негувате косата.

Фара Дукаи, која инаку ја нарекуваат и „гуру за коса“, го споделила својот едноставен рецепт за маска од која косата расте двојно побргу. За нејзината изработка ви се потребни само две состојки кои веќе ги имате во домот, а станува збор за кокосово масло и чили.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Farah Dhukai (@farahdhukai) on


Кокосовото масло загрејте го на собна температура додека не стане течно, додадете малку чили, а смесата потоа чувајте ја една недела на студено и мрачно место.

Пред користење, смесата исцедете ја. Блогерката напоменува дека исто така е важно пред нанесувањето на смесата на главата да направите тест на раката, за да бидете сигурни дека кожата нема да реагира.

Маската нанесете ја само на темето и оставете ја да стои преку ноќ, па измијте ја наутро. Освен што влијае на нејзиниот раст, косата ја прави погуста и поцврста.