Колекцијата пристапна за сечиј џеб на Викторија Бекам пријатно ги изненади сите нејзини фанови како и целиот моден свет. Таа оствари соработка заедно со трговскиот ланец Target каде ќе можат да се купуваат нејзините парчиња наменети за жени кои вклучуваат и plus size модели како и парчиња за деца. Колекцијата се состои од голем број фустани во А-крој во весели пролетни бои, дводелни комплети и кошули. Викторија вешто го пренесе својот истанчен, современ софистициран и женствен изглед и во оваа колекција откако минатиот месец таа воодушеви со уште една колекција за високата мода.
Целата колекција на Викторија за Target погледнете ја во галеријата во продолжение..
![](https://srekja.mk/wp-content/uploads/2017/03/Victoria-Beckham-Target-Man-Repeller-161202_06_190AA_RGB_VB_women.jpg)
HyperFocal: 0