Категории

Домаќински хороскоп: Која е најголема педантерија, а која е најдобра готвачка?

Зодијакот има одговор на сè, па и на прашањето каква сте домаќинка. Што мислите, која е најголемата педантерија?

Овен

Овновите се пример зза оние кои одат од крајност во карајност. Може да живеат во тотален хаос и неизмиени садови, а кога ќе им дојде „жолтата минута“, ќе чистат како тоа да им е од животна важност. Толку детално и темелно ќе чистат, дури и домашните ќе се загрижат, а Овенот ќе им дофрлува, дека до сега живееле во депонија и само тие работат по дома.

Бик

Бикот е права педантерија. Кај Бикот се оди по ред. Ќе направи план за работа по просториите и до него ќе се држи, така да чистењето нема да го изнервира, а и нема да му пречи во секојдневните активности. Ќе прави пауза за да јаде и да се одмори, па дури ни генералното чистење нема да ги направи нервозни, како кај припадничките на другите знакови.

Близнаци

Припадниците на овој знак се прилично неорганизирани, па затоа ќе им биде тешко да одредат да ли се готови и секогаш ќе мислат дека уште нешто не направиле. Додека чистат, ги нервираат другите домашни кои не расчистуваат по нив, бидејќи тие ќе имаат повеќе работа, која инаку не ја ни забележуваат.

Рак

Припадниците на овој знак можеме да ги поделиме во две групи. На оние на кои никогаш ништо не им се работи и чистењето го гледаат на нешто што мораат да го направат и на оние повеќето, кои редовно чистат по себе. Нивното мото е: „што се мора – не е тешко“ и одлични се домаќинки, ако сакаат тоа да бидат. Нема да се оптоваруваат со неважни детали, ако нешто не се гледа – тоа не мора ни да се чисти.

1 2 3

Прегледи:
1088
Објавено на:
15.07.2016