Категории

Домашен пилинг за тело со светки за неодолива кожа

Мазната и нежна кожа е најпосакувана е во летните месеци кога носиме кратки фустани и здолништа, а до неа најлесно се стигнува со помош на добро познатиот пилинг за тело од шеќер и хранливи масла. За да го намалите воспалението на кожата ќе ви помогне кафето, а светките ќе додадат само уште малку „магија“ за вашата кожа да изгледа неодоливо.

Се што ви е потребно за овој пилинг се:
– 1/3 шолја кафеав шеќер
– 1/3 шолја бел шеќер
– 2 лажички фино мелено кафе
– 1 кафена лажица сребрени козметички светки
– 2 кафени лажици маслиново масло или масло од јојоба

Подготовка:
Помешајте ги сите состојки заедно и нанесете ги на покра кожа, добро втријајте и исплакнете со вода. Пилингот исто така може да се користи и на подрачјето на лицето само избегнувајте ги деловите под очите.

Прегледи:
588
Објавено на:
28.05.2017