Категории

Домашен зимски третман за коса кој ќе ја опорави и заштити од студеното време

Не мора да инвестирате во скапи производи, можете да направите добар и корисен третман за коса во вашиот дом, од состојки кои веќе ги имате.

Ветер, дожд, снег, греење, носење капа – ова се вообичаени предизвици со кои косата страда во текот на зимата и затоа станува сува, склона кон кршење, го губи сјајот и изгледа сиво и безживотно. Испуканата и сува коса бара дополнителна нега со цел повторно да биде мазна, свилена и, пред сè, здрава. Не мора да инвестирате во скапи производи, можете да направите добар и корисен третман за коса дома со производите што веќе ги имате во вашата кујна.

СОСТОЈКИ:

  • 4 до пет лажички маслиново масло
  • 2 лажички мед
  • малку полномасен јогурт
  • една жолчка од јајце

ПОДГОТОВКА:
Добро измешајте маслиново масло, мед и жолчки. Постепено додавајте малку јогурт. Мешајте додека не добиете униформна смеса Како да се користи: Пред да ја нанесете смесата, измијте ја косата со благ шампон и оставете ја малку да се исуши на воздух. Нанесете ја смесата по целата должина на косата и оставете ја да делува околу 20-30 минути. На крај, добро исплакнете ја косата со млака вода. Ако само водата не е доволна, исплакнете ја косата повторно со шампон. Овој третман можете да го повторувате еднаш неделно.

Прегледи:
662
Објавено на:
15.01.2021