Категории

Домашна летна маска за лице за мрсна кожа

 Во лето кожата е особено подложна на прекумерно мастење и бара посебна нега која длабински ќе ја исчисти кожата и порите и ќе и даде свежина и нежност.

Ви откриваме како да направите домашна брза и едноставна маска за лице која ќе ви помогне во о ој летен период да се ослободите од масната кожа и вашето лице да изгледа чисто и затегнато.

Се што ви е потребно е:
– Една лажица чај од камилица
– Една лажица чај од нане
– Белка од јајце

Измешајте ги сите состојки и така подготвената маска ставете ја на чисто лице и оставете на отстои 15 минути. Исплакнете со млака вода.

Бонус маска:
– Природен сок од праска
– Една лажица мед

Исцедете сок од праска и додадете една лажица мед, смесата нанесете ја на чисто лице и оставете 15 минути, исплакнете со млака вода. Исто така можете да користите и авокадо кое е богато со витамин Б кој делува благотворно на кожата.

 

Прегледи:
877
Ознаки:
· ·
Објавено на:
05.07.2017