Категории

Домашни маски за ослободување од вишокот себум на лицето

Со топлото време доаѓа и најголемиот проблем кај оние кои имаат масна кожа која лачи вишок себум. Ние ви откиваме две докажано добри маски кои ќе ви помогнат, а состојќите веќе ги имате во вашата кујна.

Маска со белки од јајце
Направете пена од белката од јајцето и додадете една кафена лажица лимонов сок. Нанесете ја маската на чисто лице и оставете додека не се исуши. За крај исплакнете го лицето со млака вода.

Маска со сок од краставица и нане
За да се справите со масната кожа одличен лек е сокот од краставица. Исцедете сок од краставица и додадете чај од нане 1:1, се препорачува чајот да е подготвен од свежи лситови. Добиената смеса оставете ја во фрижидер неколку минути и нанесувајте ја два пати во денот врз чиста кожа. Оваа маска исто така помага и при проблемите како акни и црнки.

Прегледи:
453
Објавено на:
22.04.2017