Категории

Доста ја чуваше за себе: Невидена фотографија на Даниел Кајмакоски со саканата (фото)

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски многу добро ја чува својата приватност. Многу ретко можете да прочитате нешто за него кога е во прашање неговиот љубовен живот.

Пред некој месец сите ги изненади со веста дека ќе стане родител, Даниел ја потврди оваа вест, но на неговите профили на социјалните мрежи не објави ниту една фотографија од него и стомачето на неговата идна мајка на детето.

Но сепак македонскиот пејач одлучи да се потсети на убавите топли денови и ги почасти своите фанови со фотографија од него и неговата девојка Кристина Димитриевска.

Како на филм, Даниел ја зема својата сакана во раце и ги насочија своите погледи еден кон друг.

Оваа фотографија е направена на Средно Водно!

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
579
Објавено на:
11.02.2017