Менталното здравје и благосостојба се од фундаментално значење за нашата колективна и индивидуална способност.
Со цел да се зголеми степенот на едукација и информираност за менталното здравје, Асоцијација Мисла поддржана од Цивика Мобилитас, ја започнува „Кaмпањата за информирање на јавноста насочена кон овозможување достоинствен живот и социјална правда за лицата со ментални болести“ каде видеото од кампањата може да го погледнете тука.
Менталното здравје директно влијае врз основните човечки и општествени вредности на независност, мисла и акција, среќа, пријателство и солидарност. Затоа заштитата на менталното здравје треба да се биде витална грижа на сите луѓе кои создаваат и живеат во едно општество.
Сепак, сегашната слика за реалноста е малку поинаква. Високиот степен на дискриминација што постои, претставува голема пречка за нормално функционирање и интегрирање на овие лица во секојдневниот живот и извршување на нормални активности. Во интерес на сите е да се негува и поддржуваат основните човечки вредности, особено во формативни фази во животот.
Инвестирањето во менталното здравје се однесува и на промоција и на заштита на менталното здравје и до спречување и лекување на ментални нарушувања. За подетални информации контактирајте го здружението АСОЦИЈАЦИЈА МИСЛА и раководителот на проектот.
Контакт:
Здружение на граѓани
Ул. Рокомија Бр. 84-а , 1000 Скопје e-mail: [email protected] facebook: www.facebook.com/asocijacijamisla
Лица за контакт: Дејан – 075/588-958 e-mail: [email protected] Димитар – 070/697-839 e-mail: [email protected]