Секое раскинување е болно, но понекогаш потребно е токму тоа да се направи бидејќи врската која не функционира лесно може да стане токсична. Прекинувањето на љубовната врска значи промена, надеж за нешто подобро. Раскинувањето не мора секогаш да биде негативно, бидејќи ако дошло до него, тоа значи дека постои добра причина зошто се случило и најверојатно е во сечиј интерес.
Но, доколку вие секогаш ставате крај на врската и никогаш досега не ви имаат раскинато, веројатноста е дека се плашите да не бидете оставени и предвреме ја прекинувате врската, а тоа не е во ред. Морате да ги разгледате причините зошто решавате да продолжите понатаму. Дали врската е лоша и не ве исполнува или само си барате причина за да ја прекинете?
Како и секогаш, ѕвездите имаат замешано прсти во причините зошто ги прекинуваме љубовните врски. Секој хороскопски знак е различен, па така, постојат и различни причини зошто секој знак од Зодијакот решава да му раскине на партнерот или партнерката. Во продолжение прочитајте зошто секој хороскопски знак ја прекинува љубовната врска…
Овен: Раскинуваат импулсивно
Овој огнен знак го следи неговиот импулсивен инстинкт и поради тоа неговите причини за раскинување не се секогаш баш засновани. Многу често тие ги оставаат партнерите за некоја личност која успеала да ги освои за кратко време и обично ја прекинуваат долгогодишната врска за минлива романса.
Бик: Раскинуваат гневни од љубомора
Биковите се прекрасни партнери, барем поголемиот дел од времето. Доколку припадникот на овој хороскопски знак стане љубоморен, внимавајте! Нема да можете да се разберете со нив, бидејќи нема да ве слушаат и само ќе стануваат сѐ погневни и погневни, додека не ја прекинат врската. За среќа, тие се доволно паметни за да сфатат дека претерале, ќе се вратат со подвиткана опашка и ќе побараат прошка.
Близнаци: Раскинуваат затоа што се плашат од врзување
За Близнаците не постои ништо пострашно од тоа да бидат во врска со совршената личност која им одговара. Се плашат дека ќе направат нешто што ќе ја уништи врската и затоа прекинуваат пред да тргнат работите наопаку. Не се работи за тоа дека не ги поседуваат вистинските карактеристики за да успее врската, но како да не се свесни за истите.
Рак: Не раскинуваат
Иако Раковите не ја прекинуваат врската, нивната опсесивност и претерана потреба од љубов можат да ја избркаат саканата личност. На партнерите обично им досадува нивната постојана потреба од одобрување и внимание и целата врска им станува премногу напорна.