Лав: Раскинуваат затоа што не се задоволни
Дали некогаш сте разговарале со некого на некоја забава и сте забележале дека додека таа личност разговара со вас, постојано шара со погледот наоколу како да бара некој поважен или попопуларен со кого би можела да разговара? Такви се Лавовите во врската. Тие се среќни и навистина ги сакаат партнерите, но нивниот внатрешен глас им вели дека можат подобро. Лавовите знаат дека се неверојатни и сакаат да најдат некој исто толку неверојатен. Лошо е тоа што понекогаш не можат да препознаат дека тие веќе имаат прекрасна личност до нив и ја оставаат верувајќи дека ќе најдат уште подобар партнер, па затоа на крајот најчесто остануваат сами.
Девица: Нивниот перфекционизам е виновникот за пропаднатите врски
Девиците имаат смешни критериуми. Ништо не смее да недостасува. Тие знаат да прекинат и за најмали ситници. Најлошо е тоа што секогаш се убедени дека се во право и никогаш нема да увидат дека направиле грешка. Девицата кога еднаш ќе реши дека партнерот не е за неа, нема враќање назад и ретко кога се смирува со поранешните партнери.
Вага: Раскинуваат ако се почувствуваат искористено
Вагите обожаваат кога се заљубени и ги игнорираат речиси сите знаци на предупредување додека не забележат дека ги искористувате. Дури и да сте го направиле тоа ненамерно, Вагите никогаш нема ви простат. Искористувањето тие го толкуваат како непочитување, а тоа длабоко ги повредува. Нема ни да ви дозволат да им објасните, едноставно ќе заминат.
Скорпија: Раскинуваат поради предавство
Општото верување е дека Скорпиите се тие што изневеруваат бидејќи сексот им е многу важен, но вистината е дека тие се многу страсни и многу лојални. Лојалноста и верноста се многу значајни за Скорпиите, така што ако дознаат дека нивниот партнер ги изневерил, нема да дадат втора шанса. Не само што таа личност била неверна, туку и веројатно ги излажала повеќе пати за да го сокрие тоа, а Скорпиите не можат да поднесат лажговци.