Категории

ДОЗНАЈТЕ КОИ СЕ НАЈПРОКЛЕТИТЕ ХОРСКОПСКИ ЗНАЦИ

Кои хороскопски знаци се најголемите проклетници? Па сите. Затоа што секој човек си носи во себе по некој ужасен квалитет.
Предупредуваме дека надолу треба да продолжат со читање само луѓето со чувство за хумор и се разбира оние кои се подготвени да разберат вистината.

Овен – импулсивно одвратен. Прво те смачкува, а потоа со ангелска фаца се обидува да ги испарави работите.

Бик – сурово одвратен. Ем се прави дека нема проблем, ем во исто време размислува за одмазда – бавно, мачно и удира на најболните места.

Близнаци – несериозни и иритирачки одвратни. Тие дури не сфакаат дека се однесуваат одвратното. Ке ја направат штетата и потоа забораваат за секунда, а потоа со огромно чудење дури и прашуваат “Ама ти ми си лут! ЗОШТО ??? “

Рак – манипулативно одвратен. Како пак се тие да се жртвата? Како се некој нив ги напаѓа без причина, а тие секогаш биле толку добронамерни. Ајде немојте веке со тие фори!

Лав – нарцисоидно одвратен. Да, ти си врв, а сите останати се ѓубре и местото им е под твоите нозе.

Девица – кривично одвратна. Таа простува, но не заборава. И после неколку години, таа пак ќе ти врати за се, при тоа и со камата.

Вага – Подло одвратна. Тука преиначува, таму манипулира, на третото место директно лаже. Плетење интрига по интрига, но може и самата да се вплетка во сопствените интриги.

Шкорпија – Ти не си само одвратна. Ти си најодвратниот знак. Во твојот ум постојат илјадници твои правила и ако некој ги наруши (а тоа се случува по околу 20­50 пати на ден) веднаш влегуваш во улога на судија. Ако човек не ти игра по свирката, не може да функционира кај тебе.

Стрелец – Скандалозно одвратен. Не можеш ли да си го држиш јазикот зад забите? Се навредуваш и се со “добра намера”. Сепак кога ќе направиш грешка ако некој ти замери ти правиш скандал .

Јарец – Ти си комплексно одвратнен – рамнодушност, себичност и алчност соберени во едно. Но најлошо е дека ти си задоволен што ги поседуваш и трите.

Водолија – циниченно одвратна. Зазема првото место по цинизам. Подготвена е се да направви и да игра валкано за да уништи некого и само потоа да му се исмејува.

Риби – апатично одвратни. Ќе слушнеш ноќе дека некој вика за помош, ќе си го наметнеш палтото, ќе си го покажеш малку носот и ќе си кажеш дека или е некој луд, или пак не е твоја работа да се вмешуваш. “Секој за себе, жалам.”

Прегледи:
472
Објавено на:
08.06.2016