Категории

Дознајте кој дел од телото жените не си го сакаат, а мажите го обожаваат

Долгите и заносни нозе какви што имаат топ моделите Жизел Бундхен и Хајди Клум, или, пак, глумиците Кејт Хадсон и Ева Лонгорија, се сон на многу жени. Но, сепак мажите размислуваат малку поинаку. Факт е дека жените сонуваат за манекенска линија, тесни колкови и убаво обликувани, тенки нозе, иако машката дефиниција за женската убавина е сосема поинаква.

Оној дел од телото што жените не го сметаат за доволно атрактивен, на мажите и тоа како им е привлечен. Тоа е потврдено и од страна на едно истражување спроведено на голем број мажи. Имено, припадниците на посилниот пол требале да се изјаснат кој дел од женската нога им е најинтересен и како според нив би требало да изгледаат совршените женски нозе.

  • Речиси 80% од испитаниците се задржале токму на заоблените и нагласените листови, делот од ногата на кој жените или воопшто не му обрнуваат внимание или едноставно не го сакаат и го кријат.
  • Помалку од 50% се изјасниле дека нема ништо поелегантно од цврсти бедра какви што имаат танчарките.
  • 32% од мажите ги издвоиле колената како најсексипилен дел од женската нога.
  • Само 10% од мажите ги забележале женските глуждови.

Од друга страна, пак, жените изјавиле дека деловите од ногата кои воопшто не ги сакаат се глуждовите и стапалата, по кои веднаш следуваат листовите, кои посакуваат а никако не можат да ги намалат.

Прегледи:
338
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
18.07.2016