До сега веројатно научивте како да ја нагодите мелодијата на својот iPhone, а сега постои и начин да ја персонализирате вибрацијата и така да дознаете кој ве бара.
Со неколку прилагодени нагодувања, односно поставувања на вибрациите по сопствена желба, можете да дознаете која личност е од другата страна на телефонот.
Потребно е прво да ги отворите контактите во својот именик и да ги одберете оние кои сакате да ги доделите секако со прилагодена вибрација.
Кликнете на „уреди вибрации“ и одберете од постоечките или направете нова.
За да направите нова, одберете „Креирај нова вибрација“ и едноставно сочувајте ги промените.
Па така ќе знаете кој ве бара без да има потреба да погледнете во екранот на телефонот.