Категории

Драг Боже, не ми дозволувај да го засакам она што не е судено да биде мое

Немој да дозволиш да се задржам на она што треба да го пуштам. Немој да дозволиш да го сакам она кое на крајот ќе ме уништи. Не дозволувај ми да ги сакам оние кои ќе ми го скршат срцето.

Драг Боже,

Немој да дозволиш да се поврзам за она што не е судено за мене. Немој да ми дозволиш да засакам нешто или некого кого планираш да ми одземеш.
Знам дека твојот план е непознат, но се додека не ми го откриеш, олесни го. Немој да дозволиш да се задржам на она што треба да го пуштам. Немој да дозволиш да го сакам она кое на крајот ќе ме уништи. Не дозволувај ми да ги сакам оние кои ќе ми го скршат срцето.

Затоа што лесно се поврзувам и цврсто се држам за нештата, поради тоа немој да дозволиш мојот ум да сака нешта кои не можам да ги поднесам, немој да дозволиш мојот ум да се труди да сакам нешта кои не ми требаат или нешта кои не се добри за мене.Немој да дозволиш моето срце да ги сака луѓето кои не ме сакаат. Не дозволувај моето срце да ги бара долго оние кои си заминале. Немој да дозволиш моето срце да се заљуби во некој кој не сака да остане.

Но, дозволи ми да ги заборавам на нештата кои никогаш не биле за мене, дај ми верба затоа што морам да верувам дека ми е подобро без нив. Дај ми мудрост за да сфатам дека заслужувам многу подобро и дека ќе бидам среќна некаде на друго место.
Или барем дај ми трпение кое ми е потребно за да бидам во ред, затоа што не го добивам она што го сакам, не ги сакам оние кои би требало да ги сакам, дај ми трпение кое ми е потребно за твоите благослови и дарови.

Те молам, немој да дозволиш да се држам за она што не е во ред за мене. Да вложувам во нешта или луѓе кои морам да ги загубам. Немој да дозволиш да сакам нешто што не е мое. Немој да дозволиш да градам иднина околу она кое е привремено.

Прегледи:
660
Објавено на:
03.02.2020