Категории

Драматични, посветени, социјални: На кој вид врска припаѓате?

Се препознавате ли во една од следниве категории?

Универзитетот во Илинос направил истражување на 376 парови, кои воделе евиденција за својата посветеност на еден кон друг во текот на 9 месечна врска. На крајот на истражувањето научниците заклучиле дека постојат 4 вида на врски и секој пар припаѓа на еден од следниве:

Драматични парови

Драматичните парови често имаат конфликтни ситуации. Тие воглавно донесуваат одлуки кога се разочарани и негативни. Често ја оптужуваат другата страна за неверство или бараат грешки кај другита личност и на тој начин ја зголемуваат драматичноста. Ретки се ситуациите кога ваквите парови успеваат да остварат подлабока врска.

Парови кои постојано се караат

Овој вид на парови имаат постојани несогласувања. Постојано балансираат помеѓу конфликтот и страста. Додека кавгите ги раздвојуваат, страста ги поврзува и така се во круг додека еден од партнерите не реши да стави точка. Оваа љубов не е долготрајна.

Општествено ангажирани парови

Социјални или општествено ангажирани сè до одредена мерка слични со партнерски ориентираните парови, бидејќи се среќни и задоволни со својот однос и ретко кога влегуваат во конфликти. Овие парови ја делат социјалната мрежа и се потпираат на таа мрежа за да донесуваат одлуки за меѓусебната посветеност.

Партнерски ориентирани парови

Овие среќници се согласуваат и имат најголема шанса да останат засекогаш заедно. Тие се вклучени во животот на оној другиот, па, го користат тоа што се случува во нивната врска за да ја унапредат и продлабочат својата поврзаност. Многу се внимателни и претпазливи кон својот партнер. Партнерски ориентираните парови не ги користат често социјалните мрежи, туку се залагаат што повеќе време да поминат заедно.

Како што можеби веќе погодивте, овој вид на врска е најсилен и имаат највеќе шанса да ја креираат заедничката иднина. Добро е да се знае дека вашата врска може да напредува и да од еден вид прејдете во друг.

Прегледи:
285
Ознаки:
· ·
Објавено на:
20.12.2016