Категории

Дрската и бунтовна колекција на Ријана

Во библиотекарски амбиент, Ријана ја претстави својата најнова колекција за Fenty x Puma пред париската публика. Но она на кое класичните французи со истенчен вкус се навикнати не го дочекаа и на пистата на познатата артистка позната по својот експлицитер начин на изразување. На модната писта освен предимензионалните бомбер јакни кои се хит тренд изминатата година, пуловерите, чизмите над колена и спортските костими и маици, прошетаа и полуголи модели што не беше неочекувано. Во колекцијата доминираат парчиња со урбан спортски карактер, додека овој пат за разлика од минатата година кога Ријана искористи ренесансни вибрации, овој пат таа се држеше до својот изворен провокативен стил со малку goth вибрации. Целата колекција погледнете ја во галеријата подолу.

Прегледи:
814
Објавено на:
09.03.2017