Категории

Дури кога ќе се соочиме со болката учиме како да ја цениме СРЕЌАТА на вистински начин

Тешките мигови градат силни личности

Замислете следна ситуација: Чекорите по многу осетливо место и некој ви доаѓа во пресрет. Бидејќи сте заслепени од силна светлина, не можете да го видите неговото лице. Ја подигнувате раката автоматски за да создадете сенка, и за миг сте морале да се најдете на темно место за да би создаделе јасна слика.

Замислете целиот свет и вашиот живот да е во константна светлина. Ако никогаш порано не сте се соочиле со темнината, како тогаш ќе ја разберете и цените светлината која ве опкружува?

Контрастот е неопходен и токму тој му дава на човекот длабоко знаење. Сите живееме во свет на дуализам: горе и долу, топло и ладно, добро и лошо.

Болката не учи да ја цените среќата повеќе. Дури кога ќе се соочиме со тешките мигови, почнуваме многу повеќе да го цениме она што го имаме и стануваме силни личности. Само предизвикувачките животни ситуации создаваат од човекот борец.
После тешките мигови станува свесни за своите квалитети и вредности и се ослободуваме од сите стравови и кочници кои не сопнуваат.
Животот е патување кое започнува во главата и завршува во срцето, а животните тешкотии се составен дел од ова патување, кое не учи подобро да се разбираме себеси и светот кој не опкружува и учи да цениме се што имаме.

Прегледи:
446
Објавено на:
29.11.2019