Станува збор за две спротивности кои не можат да се одвојат еден од друг. Нивната страст и хемија се толку силни што не може да не се забележи.
Бикот и Шкорпијата се два хороскопски знаци кои во љубовта ги движи страста, романтиката и безрезервното предавање на чувствата, така да кога се заедно просторот е исполнет со љубов.
Шкорпијата го обожава фактот дека Бикот не е личност која лесно се придобива и тоа е таа доза на предизвик која ја сака.
За Бикот пак во љубовната врска значајно место земаат физичките контакти и копнежот за достигнување на емотивна сигурност, така да
Шкорпијата која зрачи со привлечност и која во љубовта очекува многу страст во целост ги исполнува потребите на Бикот.
Исто така важен сегмент е тоа што Шкорпијата настојува во животот да биде реална и може добро да се вклопи со Бикот кој исто така најдобро се снаоѓа во приземните и реалните ситуации.
Овој љубовен пар често сака да ужива како во топлината на семејниот дом така и во гледањето на зајдисонцето.