Категории

Двајца што се прегрнуваат на самрак – Мудра приказна која ќе ве замисли

Одговорот зависи од она што си и што го носиш во себе

Проникни во своите мисли
„Кој сум јас?“ – го прашал младиот старецот. „Ти си она што ти мислиш.“ – одговорил старецот.
-„Ќе ти објаснам преку една приказна.“

„Еден ден, покрај градските зидини, на самрак можеле да се видат две личности кои се прегрнуваат.“
„Тоа се мама и тато“ – мисли невиното дете.
„Тоа се љубовници“ – мисли човекот со превртена фантазија.
„Тоа се двајца пријатели кои не се виделе долги години“ – мисли човекот кој живее сам.
„Тоа се двајца трговци кои склопиле добар зделка“ – мисли човекот алчен за пари.
„Тоа е татко кој го прегнува синот кој се вратил од војска“ – мисли жената со нежна душа.
„Тоа е ќерката која го прегрнува својот татко кој се вратил од пат“ – мисли човекот ожалостен поради смртта на својата ќерка.
„Тоа се заљубени“ – мисли девојката која сонува за љубов.

„Тоа се двајца кои се борат на смрт“ – мисли убиецот.
„Кој знае зошто се прегнуваат?“ – мисли простиот човек.

„Колку е убаво да се видат две личности кои се прегрнуваат“ – мисли човекот Божји.
„Секој мисли,“ – заклучил старецот – „зависи од тоа што е и што носи во себе.“

Прегледи:
520
Објавено на:
25.12.2019