Американскиот актер Џорџ Клуни (54) објави дека планира да и стави точка на својата актерска кариера бидејќи смета дека е премногу стар. Клуни неодамна изјавил дека публиката повеќе не сака да гледа човек на негови години.
– Сметам дека никој не сака да гледа како некој старее. Камерата е многу неблагодарна работа, па стареењето станува нешто за што сте свесни па се помалку и помалку се појавувате на екраните. Се трудам да изберам филмови кои најмногу ми одговараат, а со годините ги има се помалку – изјавил Клуни за „Би-би-си“.
Холивудскиот заводник има други планови за својата кариера.
– Поминав години пред екраните и сега сум во фаза да разберам дека не можам да остарам пред камерите до крајот на животот. Забавно е, а и бескрајно креативно е да се занимавам со режија.
Режијата, Клини ја нарекува своја прва љубов и работа во која навистина ужива.
– Имав голем успех, а сум имал и помалку успешни филмови, но сето тоа е дел од искуството. Но тврдам дека е многу забавно.
Иако е познат по актерските ангажамни, Клуни остави импресивна трага зад камерите. Тој ги режираше филмовите „Добра ноќ и среќно“, „Мартовски иди“, „Исповед на опасниот ум“ „Leatherheads“…