Турнирот во стрит баскет кој се одржа во населбата Автокоманда заврши успешно, давајќи поддршка и мотивација на младите и талентирани стрит баскет кошаркари. Во духот на спортот и здравиот живот, овој настан предизвика големо внимание и позитивни реакции, а беше организиран од страна на невладината организација МЛАДИТЕ ЗА.
Со повеќе од 30 пријавени екипи и покрај лошите временски услови, викендов во скопската населба Автокоманда успешно заврши четвриот по ред турнир во уличен баскет – АК2018.
Во фер, мирна и натпреварувачка атмосфера кошаркарите ги одмерија силите и уште еднаш го потврдија приматот дека ова е еден од најдобрите улични турнири кои се одржуваат во Скопје.
Победници на турнирот се тимот на Кантина, второто место го освои тимот на Лапетит, а трети беа кошаркарите од Аеродром. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Кристијан Павловски.
Организаторите велат дека успешно завршениот турнир е причина плус следната година да се видимe пак на истото место – во Автокоманда и со истата цел – здрав живот и здрави животни навики.