Еден од најголемите настани за претприемништво што се случува во глобални рамки, оваа есен ќе се одржи во Скопје. Претставува совршен настан за поттикнување на претприемничкиот дух кај сите кои имаат бизнис идеја или желба да започнат свој бизнис.
Стартап Викенд претставува 54 – часовен настан каде се здружуваат, ентузијасти, програмери, маркетинг експерти, студенти, и претприемачи со цел да генерираат нови идеи за бизнис и како успешно да ги реализираат, подучувани од искусни професионалци од различни области – финансии, бизнис, маркетинг, ИТ, дизајн, кои се локални и меѓународни стартап експерти. На овој настан учесниците можат да дојдат со своја бизнис идеја која ја презентираат или пак да дојдат и да поддржат нечија идеја приклучувајќи се во тимот кој ќе работи интензивно на нејзино развивање во текот на викендот, на крај се презентираат разработените решенија пред стручно жири, кое ги одбира победниците. Победниците ќе имаат можност да добијат шанса која ќе им овозможи понатаму да работат на доразвивање на нивното решение и да го трансформираат во вистински бизнис.
Techstars Startup Weekend powered by Google for entrepreneurs глобално има повеќе од 2900 настани во повеќе од 660 градови во 150 држави. Настанот до сега имаaт учествувано повеќе од 193.000 учесници на глобално ниво со над 20.000 тимови формирани.
Повеќе информации околу настанот можеш да добиеш тука. https://www.facebook.com/events/490548171425675/
И овој пат сите што ќе се пријават на Startup Weekend ќе имаат можност за активна дружба со учесниците, менторите и организаторите на одлична локација благодарение на нашиот домаќин CЕЕD HUB од 19 до 21 октомври. Дополнително ќе имаат можности за презентирање на својата бизнис идеја пред амбициозни ентузијасти, можност да го запознаат својот иден тим, или да стапат во контакт со своите потенцијални инвеститори од партнерите кои ќе им помогнат полесно и побрзо да ги реализираат своите стартап идеи, како и да се стекнат со непроценливо искуство споделено од професионалци. Особено сме горди, што веќе ги имаме потврдено првите спонзори на годишениот Startup Weekend, а тоа се следниве: Solveo, CEED HUB, Brainster, Best Way Investment, Swiss Agency for Development and Cooperation SDS, Backyard, MK Host, Swiss Contact, Пивара Скопје. Уште повеќе допрва следуваат.
За да бидеш дел од Startup Weekend искуството, се што треба да направиш е да размислиш која е твојата идеја за која од секогаш си размислувал/а и да дојдеш да ја споделиш со амбициозни луѓе и тимски да работите на развивање на вашата идеја. Се што треба да направиш е да искористиш шансата на early bird пакетот и по ексклузивна цена да си го обезбедиш твоето место на Startup Weekend.
https://www.eventbrite.com/e/startup-weekend-skopje-19-21102018-tickets-47219386456