Категории

Единствената боја која му стои на сите

Стручњаците урврдија дека во оваа боја скоро сите изгледаат добро.
Дали навистина постои боја кога му прилега на сите бои и тонови на кожа? Нема да верувате ако одговорот е да. Стилските консултанти потврдија дека постои една боја која, поради тоа што се наоѓа на средината на спектрумот, одлично изгледа со сите тонови на кожа.

Корпорацијата Pantone секоја година просласува нова нијанса како најпопуларна додека street style ѕвездите секоја година фаворизираат некоја друга боја, а модните куќи и high street брендовите нудат цела палета бои во своите колекции. Но, една боја засекогаш ќе остане на тронот затоа што на сите одлично му прилега, а тоа е – црвената!


Една од водечките стилски консултанти Helen Venables објаснува колки бојата на облеката која ја носиме може да придонесе во нашиот изглед ако таа добро се усогласи со нашиот тен.
„Вклопувањето на бојата на облеката со вашиот тен е витална за добар изглед. Ефект кој боите го имаат на вас е навистина силе – постојат такви кои можат да ве направат визуелно по слаби, да ви дадат природен сјај на лицето и да ве направат помлади, но исто така можат и да го направат токму спротивното, односно да ве направат да изгледате постари, покрупни и уморни.“ Ако црвената боја има толку предности, размислете за она заборавено парче во црвена боја што стои во вашиот плакар, можеби баш во тоа парче изгледате одлично а не сте свесни.

Прегледи:
291
Објавено на:
09.03.2017