Категории

„Единствено е важно колку добро одите по оган“: 10 совети за совршен живот од Чарлс Буковски!

Чарлс Буковски е еден од најпознатите писатели од минатиот век, чии изреки се едни од најцитираните. Далеку од тоа дека Буковски со својот начин на живот може да биде гуру за самопомош , но некои од неговите совети можат многу да ви помогнат.

1. „Пречесто сме оптеретени со одлуките што треба да правиме со животот или што ќе ни одобри семејството. Заборавете на тоа што мислат другите. Пронајдете што сакате и дозволете тоа да ве убие!“

2. Не бидете строги кон себе, од животот го добивате она што му го давате, а понекогаш, сѐ што е потребно е подобра перспектива.“

3. „Не заборавајте барем еднаш да полудите. Животот е прекраток за да останеме нормални на тој пат, пуштете ја косата и дозволете си себеси да полудите.“

4. „Бидете слободни.“

5. „Никого не го интересира вашиот сон за решавање на проблемите со гладта во светот. Што направивте со гладната личност на тој пат?“

6. „Не можам да ви опишам колку пати сум се чувствувал вака и сум преживеал.“

7. „Никогаш не е доцна да ја спасите својата душа.“

8. „Единственото нешто кое е важно е колку добро одите низ оганот.“

9. „Запомнете… сите ќе умреме.“

10. „Ние сме на Земјата за да се смееме и да живееме така за смртта да се плаши да нѐ земе.“

Прегледи:
703
Објавено на:
15.04.2019