Ова парче облека никогаш нема да излезе од мода, а без него, зимата е незамислива
Ако планирате да инвестирате во едно квалитетно парче гардероба оваа зима, тогаш тоа нека биде крем капут. Овој модел секогаш ќе биде во тренд, а во него секоја дама изгледа скапо.
Оваа боја совршено се комбинира со сè останато, а самиот крој се вклопува во сите стилови. Од елегантно до спортско, со секој стил ќе изгледа одлично.
Ова е едно парче во кое секоја жена се чувствува моќно. Освен што феноменално ќе изгледате и ќе ве стопли кога температурите ќе се спуштат под нулата.
Што и да облечете и додадете крем капут, ќе добиете тренд стајлинг. Ако ги прашате дизајнерите, тие ќе ви кажат дека најдобра комбинација е крем капут и црвен фустан.
Хејли Бибер ни покажа дека овој капут може да изгледа одлично и во комбинација со спортски стил.