Hugh strееt брендот Mango објави нова кампања во која се претставени парчиња за студената сезона.
Тренди парчињата од новата колекција се поделени во неколку категории како што се: спортски шик, комбинезони, ташни, крзнени јакни, и здолништа од тул. Mango ова сезона навистина се потруди да ги следи светските трендови преку создавањето на фармерки со асиметричен крој, црвени крзнени јакни, ѕвонарести панталони кои асоцираат на оние од 70-тите, лаковани чизми, и други аксесоари кои доминираат во светските модни метрополи.