Категории

Едноставен начин како да ја почувствувате СРЕЌАТА и да го стоплите срцето

Среќата понекогаш во овој модерен начин на живот се чини недостижна цел, како постојано да се лизга од рацете..

Во сите наши настојувања да пронајдеме среќа, често го занемаруваме она што е набитно – а тоа е што всушност не прави вистински среќни.
Кога ќе останеме сами со сопствените мисли, тие ќе одлутаат во место кое не плаши, место кои ни открива дека колку повеќе имаме, толку сме по празни.
Можеби треба да се обидеме со по едноставни нешта кои не мораме да ги прогонуваме до крајот на светот.
Според суфиската филозофија, да седите покрај пријател или личност која ја сакате е главна причина за среќа.
Се што треба да направите е да седите во тишина и да не правите ништо. Можете меѓусебно да се гледате или не – изборот е на вас. Во секој случај, личноста чувствува внатрешно задоволство во такви ситуации затоа што е опкружена со некој чие друштво му е пријатно.
Повеќе не морате да барате нешто со кое ќе го скршите молкот, среќата доаѓа во тишината додека седите покрај драгата особа.

Прегледи:
577
Објавено на:
27.11.2019