Овој проблем може да се реши на доста едноставен начин и тоа без хемикалии
Многу жени кои се алергични на хемикалиите кои се наоѓаат во фарбите за коса можат да ја пробаат оваа супер техника која е доста применувана кај жените на истокот. Фарбањето на израстоците со мешавина од кафе се добива костенливо темна до црна боја на коса.
Состојки:
- Лажици по избор нескафе
- Лажици по избор кокосово масло
- Регенератор или јогурт
(Количината е во зависност од густината и должината на вашата коса, измерете според потребата.)
Начин на подготовка:
Во сад прво ставете ко нес или инстант кафето во гранули. Додадете кокосово масло и измешајте добро се додека не добиете единечна смеса. Додадете и регенератор или обичен јогурт без шеќер.
Кога се убаво ќе се соедини нанесете со четка за фарбање на израстоците, или подобро на целата коса. Смесата треба да стои најмалку 45 минути а потоа исперете со шампон или вода.
Доколку сакате да добиете доста темна нијанса додадете црно кафе.