Категории

Едноставно ако некој ве сака, ќе го покаже тоа на било кој начин – Ако не, ќе бидете збунети!

Луѓето покажуваат кога те сакаат, помалку со зборови, повеќе со дела. Тие покажуваат кога се грижат и веднаш знаете дека можете да сметате на нив. Тоа не се луѓе од некои големи зборови, ниту од некои слатки приказни. Понекогаш нема некоја посебна романса или нешто како од бајките. Сè овде е сосема обично, живо и едноставно. Затоа, таквите луѓе чувајте ги како зеница и испуштете ги од мислите оние кои сте ги имале и сте ги изгубиле, оние кои барале каква било причина само да си заминат. Таквите не се враќаат и не ви се ни потребни.

Луѓето покажуваат кога сакаат и оставаат белег што ништо не може да го избрише. Нема далечина, нема лошо време, нема други луѓе. Тие се зависни од некои мали гестови на внимание, убавиот збор, насмевката и некогаш неуништливата сила на човекот станува толку слаба. Луѓето покажуваат кога сакаат и гледате дека нивното „јас“ добива облик на ново „ние“. И сите нивни грижи на крајот се сведени на само една – грижата за личноста што ја сакаат, да биде добра, безбедна и среќна.

Прегледи:
535
Објавено на:
20.03.2022