Во пресрет на уписите за новите програми Digipath за програмирање, дизајн и веб дизајн, онлајн компјутерскиот центар за образование – Едуфронт најавува нови отворени настани и бесплатни, воведни часови за запознавање на сите потенцијални слушатели со новите дигитални патеки.
“Во чекор со Digipath” е онлајн информативен настан за дигиталните програми на Едуфронт – едукативниот центар за онлајн образование за деца од 8 до 14 години. Истиот ќе се одржи на платформата Zoom на 10 Декември (петок) со почеток во 18 часот. На овој настан ќе можете да дознаете повеќе за Digipath – Дигиталните патеки за учење за деца: Дигитална патека за програмирање, Дигитална патека за веб дизајн и Дигитална патека за дизајн. Ќе се запознаете со тимот и предавачите, ќе добиете информации за тековните уписи и ќе може директно да поставите прашања. За присуство на настанот регистрирајте се на линкот: https://bit.ly/3obdpI3.
Децата коишто се заинтересирани да изучуваат некоја дигитална вештина може да се приклучат на бесплатен онлајн час. На него може да се запознаат со целите на конкретната обука и активно да учествуваат и научат воведни знаења.
Распоредот и линковите за регистрација за бесплатните, воведни часови се како што следува:
– Digipath програмирање Python – 14 Декември (вторник) со почеток во 18 часот
– Digipath веб дизајн HTML/CSS – 15 Декември (среда) со почеток во 18 часот
– Digipath Scratch – 16 Декември (четврток) со почеток во 18 часот
– Digipath дизајн – 17 Декември (петок) со почеток во 18 часот
Повеќе за дигиталните патеки на https://edufront.mk/prijava/ или [email protected], 070 700 237
Digipath – Дигитални патеки за учење за деца се дел од активностите на истоимениот проект чијшто реализација се одвива од страна на Едуфронт со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој на РСМ преку Инструментот за забрзан развој.