Категории

Ефикасна метода од 3 чекори со која ќе ги отстраните митесерите

Чекор по чекор ви ја споделуваме новата ефикасна метода како да ги остраните митесерите и да добиете совршено чисто лице

Во beauty светот постојано осамнуваат нови техники и начини за разубавување и вистинско тешко е да им одолееме и да не ги испробаме. Една од најновите тајни за убавина е откриена на Reddit, во community наречена Skincare Addiction,  а се работи за потенцијално доста ефективна етода во отстранување на митесерите која е наречена ‘gritting’.

Се работи за безболна метода на остранување на митесерите. Постојат неколку начини на кои можете да ја изведете а вклучуваат основни чекори –
Омекнување на порите со помош на масло, а потоа со чистење на митесерите со втор слој на масло и масажа на лицето.

Без оглед на тоа за која метода ќе се одлучите, различни корисници имаа успех со нив. Техниките вклучуваат:

Метода 1 0 масло-глина-масло
Најпопуларниот начин на изведување на оваа метода вклучува два производи – Маслен чистач на лицето или чисто масло за лице и маска за лице од глина. Се состои од три чекори:
-Прво го чистите лицето со масло, потоа нанесувате маска од глина по свој избор, оставате да одстои, а потоа ја плакнете и го бришите лицето.
-На крајот, со масло го масирате лицето 2-3 минути. Во тој миг веќе треба да почнете да чувствувате зрнести остатоци нечистотија под прстите.

Метода 2 – масло-киселина-глина-масло
Со цел да го направите процесот уште поуспешен, корисниците предлагаат пред глинената маска да нанесете серум за пилинг на лицето, по можност оној кој содржи бета-хидрокси киселини, бидејќи тие се топат во масло.
Овој чекор служи за отпуштање на мртвите клеттки на кожата и подобар резултат.
-Прво за чистење на лицето употребете маслен чистач. Потоа, нанесете го вашиот BHA производ и оставете го да одстои 20-25 минути. Без миење на BHA концентратот, на лицето нанесете маска по ваш избор. Оставете ја да делува, а потоа измијте го лицето и исушете го.
-На крајот користете масло за масажа на лицето и тоа е тоа.

Метода 3 – масло-спиење-масло
Оваа метода е идеална за оние кои имаат чувствителна кожа и тврдоглави митесери. Се што ви треба е масло за кожа на лицето и добро преспиена ноќ. За успешно спроведување на оваа метода, потребно е пред спиење да ја извршите вашата редовна рутина за нега на кожата но да ја завршите со слој масло на лицето. Оставете го да делува во текот на ноќта додека спиете. Наутро измасирајте го лицето со триење од 2-3 минути. Тогаш веќе треба да почнете да чувствувате ситни зрнца нечистотија под прстите. Тоа значи дека чистењето беше извршено успешно.

Прегледи:
675
Објавено на:
07.05.2020